Ливерпул има проблеми со повредени фудбалери во одбраната, но во последно време таа функционира добро, но на тимот не му оди во нападот. На последните четири натпревари во Премиерлигата тие имаат дадено само еден гол.
„Нема лесно објаснување зошто не постигнуваме голови. Секогаш се промашуваат шанси, но потребно е да се оди понатаму, да се игнорира тоа што се зборува околу вас. Сите сакаат да даваат голови, но не можеме да го силуваме тоа. Вакви моменти се случуваат. На овој меч видов навистина многу добри индивидуални перформанси на дел од фудбалерите а и тимскиот перформанс беше добар. Не е резултат кој го посакувавме но тоа е“, вели Клоп.
„Доколку победевме 1-0 мислам дека ќе беше добро. Не можете да ги негирате шансите на Манчестер јунајтед во текот на 90 минути. Тие се во добра форма. Со сите работи кои беа кажани пред натпреварот дека тие летаат а ние се мачиме, мислам дека моите момци одиграа добар натпревар“.