Конте: Ги гледаме овошките од процесот кој го почнавме минатата сезона

by
0 минути читање

Интер синоќа го победи Јувентус со 2-0 и се израмни бодовно со Милан кој денеска го игра својот меч.

„За да победите тим како Јувентус, кој за сите италијански клубови е референтна точка, треба да одиграте одлично. Тоа го направивме ние денеска“, вели Конте.

„Бевме добро подготвени и среќни сме со тоа што го покажавме. Фудбалерите перфектно го следеа планот и многу сум среќен поради тоа, бидејќи на овие мечеви мора да играте со самодоверба и да знаете дека сте на вистинскиот пат“.

„Веќе ги игледаме овошките од овој процес почнат минатата сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×