Возбудливо Суперкласико со четири гола и два црвени картони (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Суперкласикото кое за некои е најголемото дерби, за жал овој пат се играше без публика. Иако е сосема друго кога на трибините се и фановите, актерите на теренот понудија големи возбудувања.

Бока поведе уште во десетата минута кога по фантастичен центаршут на Мас, Абила даде гол за водство од 1-0.

Во 58. минута домаќините останаа со играч помалку откако Кампузано заразботи втор жолт картон.

Тоа го искористи Ривер Плата и со гол на нововлезениот Гироти во 74. минута го изедначи резултатот, а три минути подоцна преку Боре погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Во 80. минута силите на теренот повторно беа израмнети откако Перез заработи втор жолт картон во тимот на Ривер.

Шест минути подоцна по асистенција од Карлос Тевез, Виља постигна убав гол за конечни 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани