За Нејмар нема ковид-19, напаѓачот во Бразил организирал забава со 500 гости!

by
1 минути читање

Бразил е една од најпогодените
земји од пандемијата на коронавирус, црната статиска вели дека се починати повеќе
од 190.000 луѓе. Но за Нејмар како да нема ковид-19, голем број на извори
пренесоа дека фудбалерот на ПСЖ овој викенд огранизирал забава со 500 гости.

Журката се
случува на неговиот имот во Мангаратиба и според пишувањата, ќе треба да трае
со денови, поточно до Новата година.

Нејмар на гостите
им забранил мобилни телефони за да спречи да се појават слики и видеа на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани