250
Синоќа беше лош ден за Јувентус, не само што загубија од Фиорентина, туку Наполи ја доби жалбата па на Јуве му се минусираа и тие три службени бода кои ги имаа, што значи дека за еден ден загубија шест бода.
Сепак, тие минус три од дуелот со Наполи можат да си ги вратат доколку го добијат мечот на зелениот терен.
„Не е проблем што ќе го играме тој натпревар. Повеќе сум разочаран поради тоа што други тимови кои имаа поголеми проблеми со ковид и беа без далеку повеќе фудбалери, мораа да играат, а тоа не е фер“, вели Пирло.
„Не велам дали одлуката е правилна или не, но не ми изгледа фер кон другите тимови кои играа во потешка ситуација“.