234
Меси погоди во победата на Барса над Ваљадолид од 3-0. Тоа за него беше вкупно 644 гол во дресот на каталонскиот клуб, со што го сруши рекордот на Пеле во најмногу погодоци за еден ист клуб, Бразилецот имаше 643 за Сантос.
„Кога почнував да играм фудбал, никогаш не помислував дека ќе рушам рекорди. А уште помалку овој кој го остварив сега, тој на Пеле. Можам само да им се заблагодарам на сите кои ми помагаа во изминатите години, моите соиграчи, мојата фамилија, моите пријатели и сите кои ме поддржуваат секој ден“, напиша Меси на социјалните мрежи.