Јувентус доживеа дебакл на свој терен откако со убедливи 3-0 загуби од Фиорентина. Еден од клучните моменти беше црвениот картон на Квадрадо заработен уште во 18. минута при негатива од 1-0.
„Снимките изгледаат јасно, црвениот картон на Квадрадо беше многу чист. Имаше други инциденти кои можеа да бидат досудени во наша полза, но немам чувство дека треба да ги коментирам. Сите можат да ја погледаат снимката“, вели Пирло.
„Тоа не смее да биде алиби. Почнавме лошо и кога ќе го направите тоа тогаш влегувате во такви лоши ситуации“.
„Може да се случи во последниот меч пред Божиќ, како веќе да сме почнале да размислуваме на празниците, како да бевме нефокусирани и неизбежен беше поразот“.
„Не можеме да зборуваме за некоја тактика или технички перформанси кога игравме со десет играчи по десет минути. Направивме тоа што можевме за да останеме во натпреварот и можеби ќе беше поинаку доколку ни беше досуден тој пенал“.