Фиорентина во
тешка криза пристигна на „Алианц“ во Торино, но избраниците на Чезаре Прандели
си заминаа со голема победа од 0-3 против Јувентус.
Мечот почна
одлично за гостите, по само 3. минути игра, Влаховиќ изби сам пред Шчесни и ја
префрли топката преку голманот за 0-1. Работите за „старата дама“ тргнаа на полошо во 18. минута,
кога Квадрадо опасно му влезе на Кастровили и со помош на ВАР доби црвен
картон.
Јувентус не се
предаде, со играч помалку бркаше реми, Кристијано Роналдо ја затресе мрежата во второто полувреме, но голот беше поништен поради офсајд.
Во финишот, кога
Пирло фрли се на една кантра, Алекс Сандро си постигна автогол, а пет минути
подоцна Касерес ја затресе мрежата на домаќините и ги реши сите дилеми.
За Андреа Пирло и
Јувентус ова беше прв пораз оваа сезона во Серија А а Фиорентина по 12 години
конечно се радува на победа во Торино против лутиот ривал.