Играчот од кој Гвардиола прелесно се откажа сега постигна „голазо“ и испрати порака при прославата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити
има многу проблеми кога е во прашање левата бековска позиција. Скапото
засилување Менди игра под очекувањата, Зинченко одработува колку што може, а
понекогаш таму игра и Кансело.

„Граѓаните“ како
решение до пред некоја година го имаа и Анхелињо, но прелесно се откажаа од Шпанецот,
кој сега прикажува извонредни партии во дресот на РБ Лајпциг и оваа сезона има
8 погодока и 6 асистенции на 19 натпревари.

Вечерва во Купот
на Германија тој постигна „голазо“ и имаше интересна прослава, имитираше
разговор на телефон и поглед кон часовник, како да чека повик. Останува да се види за кого беше
наменета оваа порака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×