Барселона би можела да ги ангажира Рудигер и Шар

by
1 минути читање

Во Барселона
размислуваат да тргнат по дефанзивците на Челси и Њукасл, Антонио Рудигер,
односно Фабијан Шар во јануарскиот преоден рок.

Холандскиот
фудбалски стратег од клупата на Каталонците, Роналд Куман очајно посакува да ја
засили дефанзивната линија по лошиот старт во новата сезона.

Се верува дека
Куман бара од клубот да му донесат засилувања во тој дел од теренот, а првично
го зацрта Ерик Гарсија од Манчестер Сити како главен приоритет.

Како и да е, поради
фактот што Каталонците сериозно се погодени од финансиски аспект поради
пандемијата со коронавирусот, „Атлетик“ тврди дека клубот од „Камп Ноу“ тешко
би наидел на заеднички јазик со Манчестер Сити иако договорот на Гарсија му
истекува идното лето.

Алтернативните опции
кои Куман ги има, а ги разгледува под будно око се токму 27 годишниот Рудигер
за кого извесно е дека повеќе нема место во Челси, како и 29 годишниот Шар, во
кого Куман гледа значајно искуство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×