Еспирито Санто без влакно на јазикот: Ли Мејсон не е доволно добар за да суди во Премиерлигата, не сакам да го видам веќе!

by
1 минути читање

Вулвс со 2-1 загуби од Барнли, а Санто вината за поразот ја најде во судијата Мејсон.

„Судијата нема квалитет да суди натпревар од Премиерлигата. Ова е проблем кој го знаевме, Ли Мејсон ни свирел и претходно“, вели Санто.

„Не се работи за конкретна грешка или одлука, се работи за начинот на кој тој се справува со натпреварот. Фудбалерите стануваат нерозни, премногу гласови, тој свири по гласовите на некои играчи кои ќе се пожалат“.

„Зборуваме за најдоброто натпреварување и јасно е дека тој нема квалитет да свири натпревари од Премиерлигата. Многу сум разочаран што го велам тоа, но мислам дека немаше да биде добро ако не го кажев“.


„Едноставно не сакам да го видам повеќе, тоа му го кажав и нему. Се надевам дека нема да ни свири повторно меч на нас бидејќи кога ни суди Ли Мејсон на сите натпревари е исто“.

„Не може да ги контролира играчите, фудбалерите постојано се бунат, и од двата тима. Со сите други судии натпреварите се течни, има дијалог. Но тој едноставно не може да суди на ова ниво“.

Со оваа изјава Нуно Еспирито Санто ризикува да биде суспендиран од страна на ФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×