На Турам прво му беше покажан жолт картон, а по прегледот од ВАР доби црвен и беше исклучен од игра.
Францускиот фудбалер, син на познатиот Лилијам Турам, доби пет меча суспензија и плус еден кој може да го одлежи било кога до декември наредната година, а дополнително ќе треба да плати и глоба од 40.000 евра.
Турам веднаш се извини на социјалните мрежи, тој напиша: „Денеска се случи нешто што не е дел од мојот карактер и никогаш не смее да се случува. Реагирав кон противникот на погрешен начин, момент кој се случи во афект, без намера. Им се извинувам на сите, на Стефан Пош, на моите противници, моите соиграчи, мојата фамилија и сите кои ја видоа мојата реакција. Се разбира, ќе ги сносам последиците од мојот гест“.