Загриженост во Њукасл: Ласелс и Сент-Максимин не можат да се движат повеќе од половина час како последица од ковид-19

by
1 минути читање

Капитенот на
Њукасл, Џамал Ласелс, како и неговиот соиграч Алан Сент-Максимин се двајцата
фудбалери на таа екипа кои имаат тешки последици по заразата со ковид-19.

Како што е
познато, клубот од „Сент Џејмс Парк“ сериозно беше погоден со заразата по што мораше
да биде одложена пресметката со Астон Вила во Премиерлигата, меѓутоа од таму
останаа цврсто на ставот да не откриваат ништо повеќе од тоа, иако се
шпекулираше дека станува збор за сериозни бројки на заразени во тимот предводен
од Стив Брус.

Шефот на стручниот
штаб на Њукасл во петокот обелодени дека е загрижен за здраствената ситуација
на двајца фудбалери од неговиот тим, меѓутоа не откри за кого станува збор, но од
клубот подоцна ги наведоа Ласелс и Сент-Максимин откако медиумите на Островот
ги посочија низ шпекулациите кои се пласираа во јавноста.

Брус на
пресконференцијата откри дека заразените фудбалери не можат ниту да се движат
повеќе од половина час без притоа да имаат потреба веднаш да се вратат во
кревет и да одморат.

Тие почнуваат да се движат, да пешачат, а по половина час сакаат да се вратат во својот кревет, ова е брутално, се надевам дека постои светлина во тунелот, меѓутоа некои претрпеа навистина тешки последици од заразата“ рече Брус на пресконференцијата.

Се верува дека
најмалку десет фудбалери и дел од стручниот штаб на Њукасл се заразиле со
коронавирусот, а помеѓу фудбалерите, освен Ласелс и Сент-Максимин се наведуваат
уште Фернандез, Хајден и Крафт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×