Едно од ветувањата на Лапорта е дека ако биде избран за нов претседател на Барселона, Меси ќе остане во клубот.
Тој смета дека претходното раководство му давало лажни ветувања на Меси дека ќе создаде тим кој ќе биде конкурентен за трофеите од Лигата на шампионите.
„Сигурен сум дека Меси сака да продолжи во Барселона. Тоа зависи од понудата која ќе му ја даде новиот претседател. Тој сака да види конкурентен тим околу себе за да ја продолжи љубовната приказна со Барселона, сака повторно да ја освои Лигата на шампионите“, вели Лапорта.
„Клубот постојано го лажеше него со разни ветувања и работите не се одвиваа како што сите сакаа. Тој е во момент од својата кариера во кој сака уште да биде успешен и да освојува титули“.
„Тој не може да прифати дека други тимови ја освојуваат Лигата на шампионите а Барса со Лионел, најдобриот фудбалер во историјата на оваа игра, не може да создаде конкурентен тим за да се бори за трофејот“.
„Не го гледам Меси во дрес кој не е на Барселона. Приказната меѓу него и клубот е толку прекрасна што обврска на новиот претседател ќе биде да го убеди тој да продолжи тука. Не го гледам како игра за друг клуб. Го гледам само во дресот на Барселона“.
„Заедно со средување на финансиската ситуација во клубот, приоритет на новиот претседател е да го убеди меси да остане. Се надевам дека јас пристигнувам точно на време. И имам предност пред другите, а тоа е довербата од Меси“.
„Тој знае дека понудата која ќе му ја дадам ќе биде реална и ќе му се допадне. Мислам дека тоа ќе помогне многу, тоа е мојата предност пред другите кандидати“.