188
Аталанта одигра импресивно второто полувреме на дербито против Рома, Папу Гомез не беше дел од овој меч, а се чини дека веќе нема ни да биде од ниту еден друг натпревар на тимот од Бергамо.
Рома почна фантастично, по само три минути игра Џеко постигна гол за водство од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до 59. минута кога Запата изедначи на 1-1.
Во 70. минута Госенс погоди за пресврт и предност на домаќините од 2-1, а две минути подоцна, веднаш од како влезе во игра, Муриел зголеми на 3-1.
Конечните 4-1 ги постави Јосип Иличиќ на пет минути до крајот на натпреварот.