Втор пораз по ред за Тотнем, овој пат Лестер ги собра трите бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првото полувреме не беше интересно, и двете екипи играа внимателно пазејќи се да не направат грешки, и кога се чинеше дека на одморот ќе се отиде без голови, Орие направи голема грешка.

Бекот на Тотнем сосема безпотребно го фаулираше Фофана, судијата покажа на белата точка, а Варди погоди за водство од 1-0.

По три минути игра во вториот дел Медисон постигна гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.

Сепак во 59. минута Варди биеше со глава, Алдервирелд го смени правецот на топката и си постигна автогол за победа на Лестер од 2-0.

Тотнем го одигра можеби најлошиот меч оваа сезона и заслужено ги загуби бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×