327
Меси за Барселона го постигна 643. гол, исто толку има и Пеле за Сантос. Јасно е дека многу наскоро Аргентинецот ќе биде осамен на врвот во оваа статистика. А Пеле преку социјалните мрежи му го честиташе големиот рекорд на Меси.
„Кога твоето срце е преплавено од љубов, тешко е да се промени твојот пат. Како и ти, знам како е да сакаш да носиш ист дрес секој ден. Како и ти, знам дека ништо не е подобро отколку местото кое го чувствуваме како дома. Честитки за твојот историски рекорд, Меси. Но пред се, честитки за твојата прекрасна кариера во Барселона. Приказните како нашите, за толку долга љубов кон ист клуб, за жал ќе бидат се поретки. Ти се восхитувам многу“, напиша Пеле.