Кулушевски стрелаше против „своите“, Роналдо со два гола за убедлива победа на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата дама“ со
цел плен си замина од „Енио Тардини“, избраниците на Пирло без многу проблеми славеа со убедливи 0-4

Резултатот го
отвори Кулушевски во 23. минута. Една топка на Сандро мина нис шеснаесетникот и
дојде до Швеѓанецот со македонско потекло, кој прецизно по земја погоди на
подалчената статива за 0-1. Напаѓачот не се радуваше на погодокот откако
минатата сезона го носеше дресот на Парма и во овој клуб блесна во Калчото.

Во 26. минута
веќе беше 0-2. Мората центрираше, Роналдо скокна високо и со глава погоди за
дуплирање на предноста.

На стартот на вториот
дел, ЦР7 по втор пат се запиша во листата на стрелците
, откако доби топка од Ремзи, Португалецот прецизно
со лева го матираше голманот на Парма за 0-3.

Точка на натпреварот
стави Мората на пет минути до крајот. Бернардески нафрли а Шпанецот се покллони
и со глава биеше неодбранливо покрај стативата за 0-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×