160
Арсенал никако да се опорави од лошите резултати, напротив продолжува да тоне се подлабоко, овој пат со наведнати глави се враќаат од Ливерпул каде загубија од Евертон.
Натпреварот беше решен во првото полувреме. Во 22. минута Холдинг си постигна автогол за водство на Евертон од 1-0.
Во 35. минута Пепе од пенал го изедначи резултатот на 1-1, но пред крајот на првиот дел Јари Мина со глава реализираше за победа на Евертон од 2-1.