1,2K
Резултатот беше отворен во 29. минута кога при еден корнер Диакаби несфатливо беше оставен осамен и погоди со глава за водство на Валенсија од 1-0.
Во судиското продолжение од првото полувреме Барселона доби пенал по прекршок врз Гризман, Меси промаши од белата точка но потоа топката многу среќно дојде до него и реализираше за 1-1.
Тоа за Меси беше 643 гол за Барселона, толку има постигнато и Пеле за Сантос. Тоа е најмногу голови од еден играч за еден клуб.
По седум минути игра во вториот дел Араухо постигна прекрасен гол со кој направи комплетен пресврт за водство на Барселона од 2-1.
Но во 69. минута по асистенција од Гаја, Макси Гомез постигна гол за конечни 2-2.