432
Манчестер Сити уште еднаш не покажа дека ги решил проблемите со ефикасноста, но овој пат еден гол беше доволен за да ги освои трите бода.
Клучниот момент се случи во 16. минута кога Кевин Де Брујне асистираше до Стерлинг а тој погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0 кое значеше и победа.
Саутемптон брзо потоа се закани преку Волкот и Ингс, но до крајот не направи доволно во офанзивата за да избегне пораз.
Манчестер Сити имаше неколку шанси и за поубедлив триумф, но задоволни ќе бидат и со овој резултат.