Епизодата број 5
од документарецот за Икер Касиљас беше посветена на еден од најинтензивните
периоди во шпанскиот фудбал, кога Жозе Мурињо беше на кормилото на Реал Мадрид.
Португалецот ја
вжешти атмосферата на „Ел класико“ до тој степен што се стравуваше за атмосферата
во соблекувалната на Шпанија, која тогаш беша актуелен европски и светски
шампион.
„Во тоа време, „Ел
класико“ пресметките беа тензични, би рекол претензични. Имаше од се по нешто.
Финалето од Купот на Шпанија во 2011… таква агресија немаше никогаш
претходно. Кога ќе го гледам натпреварот, останувам шокиран од агресијата“ –
вели Икер Касиљас.
Сепак,
најконтроверзниот момент се случи неколку месеци подоцна, во Суперкупотот на
Шпанија, Жозе Мурињо му брка во око на Тито Виланова.
„Имаше дуели,
голема битка, играчите оставаа срце на терен… но она што го направи Жозе
Мурињо (му брка во око на Тито Виланова), такви работи можете да видите во мали
клубови, а не во Реал Мадрид. Тоа го прават оние кои сакаат да победат со ујдурма,
а тоа не сме ние“.
„Игравме против
Леванте, натпревар по кој се зголеми негативата во однос на Барселона. Тоа беше
моментот кога престанавме да разговараме. Бевме сами, почна да ми зборува дека
треба да бидам поотворен и поискрен. Му кажав дека не можам да го прифатам
однесувањето кое не доликува за клуб како Реал Мадрид, дека професионалец не
може да му брке во око на противникот“.
Икер Касиљас исто
така беше обвинет дека е „крт“ и на медиумите им открива детали од
соблекувалната.
„Што можев да
направам? Како да се одбранам од нешто што не е вистина? Ме обвини за нешто кое
не сум го направивл. Секако дека познавав новинари, но никогаш не сум им
пренесувал информации од соблекувалната“.
„Луѓето зборуваа,
но јас молчев, не сакав да им одговорам, полесно ми беше да се помирам со тоа
што сите ме гледаа како „крт“ во соблекувалната. Веројатно молчев повеќе од што
требаше“.