176
Маначестер Сити оваа сезона тешко постигнува голови, учинокот не може ниту да се спореди со минатите сезони. Навивачите на Манчестер Сити се надеваа дека со враќањето на Агуеро ќе се вратат и головите, но тој ги разочара велејќи дека се уште има проблеми со коленото.
„Тешко е. Понекогаш коленото ми е добро, понекогаш е полошо. Правам се што треба со физиотерапевтите и медицинските лица за да се подобри состојбата“, вели Агуеро.
„Потребно ми е време. Се вратив и се надевав дека ќе бидам повторно на моето најдобро ниво. Сега повторно ми е потребно време, но сезоната е долга“.
Гвардиола синоќа го истакна проблемот со ефикасноста.