164
Иако најпрво ја отфрлија можноста за купување на нов напаѓач, сега ангажман на шпиц е приоритет за росонерите во јануарскиот преоден рок.
Паоло Малдини и Рики Масара немаа намера да бараат напаѓач, но проблемите кои ги има Ибра не само што ги натераа да размислуваат во таа насока, туку го направија тоа приоритет.
Најмногу затоа што се обидоа со Анте Ребиќ и Рафаел Леао да играат како истурени напаѓачи, но никој од нив не импресионираше. Хрватот играше највеќе таму, но не даде гол иако имаше некои асистенции.
Ибрахимовиќ ќе ги пропушти и мечевите против Сасуоло, Лацио, веројатно и Беневенто, а неизвесен е и за дербито против Јувентус на 6 јануари.