1,4K
Во минатото Салах се поврзуваше со големите шпански клубови, тој иако вели дека некогаш би можел да заигра за нив, комплетно е фокусиран на Ливерпул.
„Мислам дека Реал Мадрид и Барселона се два големи клуба, којзнае што ќе се случи во иднина, но сега сум фокусиран на освојување на Премиерлигата и Лигата на шампионите со Ливерпул повторно“, вели Салах.
„Тешко е да се каже до кога би играл во Ливерпул, но можам да кажам дека се е во рацете на клубот. Се разбира дека сакам да рушам рекорди тука, но ќе повторам, се зависи од клубот“.