176
Модриќ помина четири години во Тотнем пред да се пресели во Реал Мадрид каде работеше со Жозе Мурињо, токму Португалецот и го донесе во кралскиот клуб.
По осум години поминати на Сантијаго Бернабеу, Модриќ би можел да се врати во Тотнем.
Актуелниот договор на Модриќ со Реал Мадрид истекува по крајот на сезоната, тоа значи дека Хрватот од јануари ќе може слободно да зборува со нови клубови за трансфер.
Фановите на Тотнем би сакале да го видам Модриќ повторно во клубот, но Хрватот има 35 години па прашање е колку би имал и реален ефект еден ваков трансфер.