По 12 одиграни кола Мачестер Сити има постигнато само 18 голови, минатата сезона имаше 35 по толку меча, а претхидните беше уште подобар 36 и 40 голови. Во сезоната 2016/17 имаше 27 но и тоа е значително повеќе од оваа.

„Споредено со минатите три сезона се разбира, треба да постигнуваме повеќе голови, тоа е реалноста, сите го знаат тоа“, вели Гвардиола.
„Но тоа не зависи од еден специфичен играч, секој може да даде гол, зависи од менталитетот и желбата за постигнување на голови. Трба да се биде позитивен, да се биде агресивен“.
„Единствената шанса да даваме повеќе голови е да играме подобро а не одговорноста да ја оставаме само на напаѓачите“.
„Се разбира тие знаат дека треба да даваат голови, но секој е инволвиран на свој начин и од секој зависи креирањето на шансите“.