603
Раководството на ПСЖ очекува тимот да доминира во домашното првенство, но тоа не е случај во досегашниот дел од сезоната. Од 15 натпревари тие имаат четири порази, во моментов се на второто место зад Лил.
Во недела му гостуваат токму на Лил и со пораз на овој меч „ЕСПН“ тврди дека Тухел ќе добие отказ.
Главни кандидати за наследник на Тухел се Маурисио Покетино и Масимо Алегри.
Двајцата тренери во моментов се без работа и се верува дека чекаат да се ослободи место во некој од европските гиганти за да му се вратат на фудбалот.