Солшер по расправијата со Вајлдер: Можеби претерав со зборовите, но се извинив (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед синоќа повторно имаше слаб старт на еден натпревар откако Шефилд
Јунајтед прв дојде до водство уште во петтата минута по киксот на Хендерсон,
меѓутоа Рашфорд беше и повеќе од расположен па со два гола, како и еден на
Марсијал, „Црвените ѓаволи“ на крајот дојдоа до посакуваната победа, и тоа со
резултат 2-3.

Крај аут линијата
во моментите кога фаворитот имаше гол предност се случи и една кавга помеѓу
двајцата тренери, Крис Вајлдер и Оле Гунар Солшер, иако реткост е да се види
норвешкиот фудбалски стратег во една таква ситуација.

Се работи за
моментот кога Шефилд Јунајтед почна да притиска повеќе откако намали на 2-3, па
следеше еден задоцнет старт на Ампаду над Рашфорд, за што Вајлдер сметаше дека
е „чист“, но Солшер не се согласуваше па му се „нафрли“ на домашниот тренер, а
по мечот ја објасни таа ситуација.

Воопшто не ми
пречат фер стартови, но имаше неколку пред моите очи
“ изјави Солшер.

Ова е еден од
тие натпревари каде момците ќе можат да извлечат поука, еден вистински меч
каков што треба да биде и општо фудбалот
“ додаде тој.

Можеби претерав
со зборовите во ситуацијата со Вајлдер, но се извинив, ќе испиеме по некој
пијалок сигурно по ова
“ заклучи Норвежанецот.

Во следното 14
коло, Шефилд Јунајтед, кој со само еден бод е закован на дното, гостува кај
Брајтон во недела, истиот ден Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува
Лидс на нашиот Езгјан Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×