366
По изјавата на Рајола за заминување на Погба, Французинот почна подобро да игра, како дополнително да го мотивираа пишувањата во медиумите и Манчестер јунајтед сега почнува да го има вистинскиот Пол Погба.
Тој синоќа го одигра целиот меч против Шефилд јунајтед и беше еден од најдобрите.
„Одлучивме тој да биде стартер. Се разбира знаеме колку е силен во воздушните дуели. Знаевме дека ќе биде важен за нас. Го доби речиси секој воздушен дуел“, вели Солшер.
„Неговата визија, неговата креативност… Пол одговори навистина многу добро. Сега е фит и тоа се гледа. Одличен перформанс“.