177
Дин Хендерсон
изминатово лето се врати на Олд Трафорд со желба да стане прв голман на
„ѓаволите“. Давид Де Хеа често знае да погреши, неговата позиција е под знак
прашалник, па младиот Англичанец има солидни шанси.
Сепак, вечерва
тој направи голема грешка која сигурно ќе му ја поткопа самодовербата но и ќе
го стави Солшер на два ума.
Дин Хендерсон
премногу чекаше да се ослободи од топката, напаѓачот на Шефилд јунајтед го
блокираше, успеа да ја протне до својот соиграч и Мекголдрик донесе 1-0 по пет
минути игра.