ФИФА го одбра идеалниот тим, Венгер порача: Ме боли кога гледам кој е во нападот (ФОТО)

by
1 минути читање

На церемонијата
за наградите „Д Бест“, ФИФА го одреди и идеалниот тим за 2020 година. Баерн
Минхен има најмногу претставници, четворица се од шампионот на Европа и
Германија. Ливерпул исто така доминира со дури три претставници.

На голот се наоѓа
Алисон, во одбраната се Александер Арнолд, Ван Дајк, Рамос и Дејвис, во
средниот ред се Кимих, Де Брујне и Алкантара а во нападот Меси, Роналдо и
Левандовски.

Арсен Венгер, кој
беше гостин во студиото, рече: „Кога сте мало дете, сонувате да бидете
најдобриот играч во светот на вашата позиција и тоа е неверојатно постигнување.
Погледнете го нападот… мои пријатели, страдав многу поради вас, сите имаат
постигнато многу погодоци против мојот тим!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×