Три недели пауза за Мертенс, но тоа е добра вест за Наполи

by
0 минути читање

Мертенс поради повреда предвреме го заврши натпреварот против Интер, а по деталниот тест позната е тежината на повредата.

Наполи потврди дека Мертенс ќе биде во аут во наредните три недели, а потоа ќе му биде направен нов тест и ќе се знае дали е фит или ќе биде потребна и дополнителна пауза.

Но, ова се добри вести за Наполи бидејќи Мертенс нема оштетување на лигаментите, за што и се стравуваше.

Се очекува тој да пропушти четири натпревари, дуелите против Лацио, Торино, Каљари и Специја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×