Почина поранешен аргентински селектор, Меси со многу емоции се прости од него (ФОТО)

by
1 минути читање

Алехандро Сабеља извесно време имаше здравствени причини, пред некое време беше пренесен во болница на интензивна нега каде се бореше за својот живот, но ја загуби битката и почина.

Тој беше селекторот на Аргентина со кои тие во 2014 година стигнаа до финалето на Светското првенство каде загубија од Германија.

Меси со многу емоции се прости од Сабеља.

„Беше задоволство да се сподели толку многу со тебе. Алехандро беше голем човек и неверојатен професионалец кој остави белег во мојата кариера, научив толку многу од него. Заедно доживеавме некои од моите најдобри фудбалски спомени за време на квалификациите за Светското првенство и на Светското првенство. Сочувство до неговата фамилија и пријателите“, напиша Меси.

Fue un placer compartir tanto con vos. Alejandro era una gran persona, además de ser un profesional impresionante que me…

Posted by Leo Messi on Tuesday, 8 December 2020

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани