Роналдо со два гола ја продолжи мизеријата на Барса, Јуве го освои „Камп Ноу“ и првото место (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо
ја продолжи мизеријата на Барса, Португалецот два пати погоди и помогна
Јувентус да слави со 0-3 на Камп Ноу. Со овој резултат, „старата дама“ го освои
првото место во групата и на хартија ќе има полесна ждрепка во осминафиналето.

Резултатот беше
отворен во 13. минута, Араухо го собори Роналдо во шеснаесетникот, судијата
досуди пенал а ЦР7 од белата точка донесе 0-1.

Барса тешко
влегуваше во ритам и за кратко одново капитулираше. Квадрадо нафрли а Меккини
атрактивно закачи волеј за 0-2 по дваесет минути игра.

На стартот од
вториот дел беше досуден нов пенал, Ленгле играше со рака, топката одново беше наместена
на белата точка а Роналдо не погреши и зголеми на 0-3.

Домаќините очајно
бараа гол кој ќе ги врати во игра, имаа неколку добри шанси но не реализираа.
На спротивната страна, Бунучи ја затресе мрежата на Тер Штеген, но голот беше
поништен поради офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×