Претрес во домот и канцелариите на личниот доктор на Марадона, се истражува можно убиство!

by
1 минути читање

Личниот доктор на
Диего Марадона, Леополдо Луке е под лупа на обвинителството и полицијата, утрово
бил извршен претрес во неговито дом и канцеларии.

Ќерките на Диего
Марадона го посочиле Леополдо Луке како човекот кој се грижел за здравјето на нивниот
татко, веруваат дека тој не си ја вршел добро работата, па отворена е истрага за убиство без умисла.

Се анализира и
одговорноста на останатите медицински лица кои биле задолжени за здравјето на
Диего Марадона по операцијата.

Се поставуваат
многу прашања, зошто намало 24 часа специјалист во домот на Диего Марадона и
зошто намало брза помош пред неговиот дом со оглед на тоа дека тој се наоѓал во
кревка состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани