Адвокатот на Марадона џабе обвинуваше, брзата помош пристигнала за 11 минути

by
1 минути читање

По смртта на Диего Марадона, неговиот адвокат излезе со сериозни обвинувања, велеше дека брзата помош не реагирала на време, и требало повеќе од половина час да пристигне. Најави дека до крај ќе ја бара правдата и порача дека ова е криминален идиотизам.

Сепак, истрагата на обвинителството покажува нешто сосема поинаку.

Во краток период се направени два повика. Во 12:16 часот по локално време, личниот доктор на Диего Марадона, Леополдо Луке се јавува на итната служба и бара брза помош. 

Беше објавен снимениот разговор, Луке не открива за кого станува збор, само вели дека е маж на 60-ет годишна возраст кој најверојатно доживеал срцев удар.

Во 12:17 часот, личниот асистент на Диего Марадона се јавува во компанијата „Свис Медикал“ бара помош и во 12:28 часот пристигнува амбулантно возило од компанијата „+Вида“. 

Сето ова е утврдено со помош на логовите кои ги обезбедил мобилниот оператор и безбедносните камери од приватната населба во која престојувал Диего Марадона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани