Селфито со мртвото тело на Марадона скапо ќе ги чини, ги отпуштија од работа, добиваат смртни казни, адвокатот на Диего ќе ги тужи

by
1 минути читање

Тројца работници од погребалното претпријатие се отпуштени од работа затоа што се сликале со мртвото тело на Марадона кратко пред да биде погребан и ги споделиле фотографиите на социјалните мрежи.

Едниот од нив е Клаудио Фернандез заедно со својот син Исмаел, а третиот е Клаудио Медина.

Клаудио за Радио Диез го објаснува настанот, потврди дека се отпуштени од работа и вели дека добива смртни закани.

„Тоа беше инстиктивно. Наеднаш ја кренав главата и мојот син го направи тоа како што би го направило секое дете на 18 години. Ме знаат кој сум, луѓето од соседството. Тие ми велат дека ќе не убијат, дека ќе ни ги скршат главите“, се правдаше тој во изјава за радио станицата.

Адвокатот на Марадона, Матиа Морла ги предупреди тројцата дека скапо ќе платат за тоа што го направиле.

„Тие се виновни за срамна и непристојна постапка. Скапо ќе платат“, изјави адвокатот на Марадона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани