Анегдотата за Марадона и денот кога одбил Ферари бидејќи во автомобилот немало радио

by
2 минути читање

Диего Марадона во
1986 година сакал да стигне до лимитираната верзија Ферари Ф40, и автомобилот морал да биде во црна боја.
Па неговиот тогаш агент, Гилермо Копола почнал да брка работа, стапил во
контакт со адвокатот Џани Ањели (кој бил голем фан на Марадона) и била обезбедена
средба со Енцо Ферари.

Иако не можело да се замисли Ферари Ф40 во друга боја освен црвена, со оглед на тоа дека се работи за Диего Марадона, од Маранело излегле во пресрет и го обезбедиле автомобилот за кој
Гилермо Копола тврди дека одвоил 500.000 долари.

Тој потоа средил
автомобилот да стои крај пистата и да му падне право во очи на Диего Марадона
по неговото враќање во Неапол по триумфот на Светското првенство во Мексико во
1986 година. Агентот дури успеал да го убеди тогашниот претседател на Наполи, Корадо
Ферлаино тие да ги обезбедат пари за автомобилот и Ферарито да биде подарок од клубот,
за да се зацврсти односот со фудбалерот (го натерал Ферлаино да одвои двојно
повеќе односно 1.000.000 долари).

Кога Диаго
Марадона слетал на аеродромот, бил задоволен од автомобилот, но кога седнал во
него, забележал дека нема касетофон/радио.

„Му одговорив
дека нема радио, ова е спортска кола, нема ни радио ни клима, нема такви
работи. Диего ми одгвори: „Епа тогаш нека си го бутнат в газ““
– раскажува Копола.

Сепак, добро
упатените во светот на автомобилите велат дека има неколку „дупки“ во
приказната. Моделот Ф40 во 1986 година се уште бил
во развојна фаза и строга тајна,
производството почнало дури во 1987 година. Исто така, познавачите тврдат дека
од фабриката во Маранело, сите модели на Ф40 излегле во црвена боја.

Диего Морадона имал
црно Ферари од моделот Тестароса (имало само три автомобили во ваква боја,
покрај Аргентинецот, сопственици биле Силвестер Сталоне и Мајкл Џордан). Сепак
моделот Тестароса имал луксузен ентериер, па за овој модел не можат да се
препишат зборовите на Копола дека немало касетофон/радио или клима.

Диего Марадона
добил Ферари Ф40 но се верува дека тоа било во годината 1989 и автомобилот
сепак бил во црвена боја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани