Мурињо откри зошто Марадона му се јавувал само после порази и што му кажувал

by
1 минути читање

Светот на
фудбалот тагува, синоќа почина Диего Марадона, еден од најголемите фудбалери во
историјата.

„Го имате
Марадона и го имате Диего. Не треба да зборувам за Марадона бидејќи целиот свет
добро знае кој е тој и никогаш нема да го заборави. Но Диего е сосема друга
приказна, го знаат само неговите пријатели, луѓето кои делеле соблекувална со
него и колегите“
– вели Жозе Мурињо.

„Можам да кажам
дека ми беше добар пријател иако најчесто разговаравме преку телефон. Имаше
големо, големо, големо срце. Ќе ми недостига токму овој човек. Секогаш кога
ќе ни недостига неговиот фудбал, ќе отвориме Гугл и ќе најдеме видеа. Но Диего
нема да можеме да го најдеме“.

„Денеска на
момците им раскажував приказни од времето кое го поминавме заедно и ќе ми недостига овој човек. Особено ќе ми недостигаат неговите телефонски повици. Ми се јавуваше
само после пораз, никогаш после победа“.

„Знаеше дека не
ми треба повик после победа, знаеше дека треба да ме слушне во тешки моменти.
Ќе се јавеше и ќе речеше, „Мурињо, немој да заборавиш, ти си најдобар“. Секогаш
беше таков“,

„Ќе ми недостига
Диего“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани