88
Бока Јуниорс и Ривер Плата се жестоки ривали, нивните натпревари постојано се проследени со инциденти меѓу навивачите, омразата меѓу двата клуба е огромна.
Но, смртта на Марадона го направи она што беше незамисливо да се види, низ социјалните мрежи хит стана фотографија од навивач на Бока и Ривер во прегратка како заедно плачат по фудбалската легенда.
Марадона беше играч на Бока Јуниорс, но сите Аргентинци го сакаат Диего, за нив тој беше Бог на фудбалот.