Адвокатот на Марадона: Диего 12 часа бил без медицински надзор, брзата помош доцнеше 30 минути

by
1 минути читање

Диего Армандо
Марадона почина синоќа на 60-ет годишна возраст, легендата на Аргентина доживеа
срцев удар. И додека нацијата се простува од фудбалскиот големец, неговиот
адвокат излезе со сериозни обвинувања.

„Необјасниво е
тоа што дури 12 часа Диего не добивал внимание или контрола од медицинскиот
персонал. На брзата помош и требалo повеќе од половина час да пристигне, ова е
криминален идиотизам. До крај ќе се борам за да ја докажам правдата. Како што еднаш ми рече Диего, „Ти си мојот војник, кој работи без поштеда““
– порача Матијас
Морла.

Леополдо Луке,
личниот доктор на Диего Марадона одби да ги коментира ваквите обвинувања. Медиумите пак
пренесуваат дека семејството на Диего Марадона не го поканиле Матијас Морла на бдеењето.

Ковчегот со телот
на Диего Марадона е излежен во претседателската палата „Каса Росада“ во Буенос
Ариес, илјадници фанови уште од 6 часот наутро поминуваат да му оддадат почит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани