Хамес негира дека се тепал со соиграчите: Не наседнувајте на такви лаги

by
1 минути читање

Колумбиската репрезентација е во лош период, најпрво загуби на свој терен од Уругвај со 3-0, а потоа со 6-1 беше поразена на гостувањето кај Еквадор.

Некои колумбиски медиуми пишуваа дека лошата атмосфера во репрезентацијата кулминирала со тепачка меѓу Хамес Родригез и Џеферсон Лерна. Играчот на Евертон ги демантира ваквите гласини.

„Би сакал да ја информирам јавноста, медиумите и навивачи дека ги негирам сите информации поврзани со наводно насилничко однесување, напади, тепачки и сите видови на контроверзи меѓу играчите во кои бев спомнат“, вели Хамес Родригез.

„Имам одличен однос со секој од моите колумбиски соиграчи и во соблекувалната и надвор од неа“.

„Ова е тежок период за нас во спортска смисла и ние фудбалерите сме први кои треба да превземеме одговорност. Како Група стоиме силно и нашиот сон е да се квалификуваме на Светското првенство во Катар, за што ќе работиме уште понапорно за да го оствариме“.

„Пред се треба да ги расчистиме сите сомневања за лоша хармонија и атмосфера во соблекувалната, ниту во еден момент немало конфликт меѓу нас“.

„За крај, ги замолувам сите да не паѓаат во замките на овие лаги. Оние кои креираат лажни приказни сакаат само да го зацрнат моето име, ако биде потребно ќе покренам и тужба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани