Еквадор ја понижи Колумбија, Бразил и Аргентина сигурно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил го задржа 100% учинок во квалификациите за мундијалот во 2022, утрово, „кариоките“ триумфираа со 0-2 на гостувањето кај Уругвај за 4 од 4.

Резултатот беше отворен со доза на среќа, Артур биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од домашните фудбалери и го измами голманот.

Пред крајот на првиот дел, Ришарлисон скокна највиско по една нафрлена топка и донесе 0-2.

Во Лима, Аргентина забележа победа од 0-2 и ги заборави фрустрациите од мечот со Парагвај. Гонзалес погоди за 0-1 во 17. минута а Лаутаро Мартинез во 28. минута ги осигура трите бода.

Еквадор ја понижи Колумбија со 6-1, Венецуела го совлада Чиле со 2-1 а мечот помеѓу Парагвај и Боливија заврши 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани