Повеќе големи клубови се интересираат за 20-годишниот унгарски напаѓач кој ја однесе својата земја на Европско првенство, меѓу оние кои сакаат да го купат е и Реал Мадрид.
Собослаи во договорот со Ред Бул Салцбург има откупна клаузула од 20 милиони евра која со некои бонуси може да стигне до 25-30 милиони евра. Тоа е мала сума за неговиот голем потенцијал.
Неговиот агент, Естерхажи Матијаш потврди дека Собослаи наскоро ќе го промени клубот.
„Тоа ќе биде во јануари или на лето, но најважното е дека тој ќе оди во клуб каде што ќе има добра шанса да игра, добра шанса да го продолжи развојот кој го започна во Салцбург, бидејќи во овој дел од неговата кариера тоа е најважно. Јасно е дека не откривам тајна кога велам дека Доминик е се поблиску и поблиску до заминување од австриското првенство“, вели агентот Матијаш.
Фактот дека Собослаи ќе бара клуб каде што ќе има загарантиран првотимски статус веројатно го исклучува Реал Мадрид од трката.
Сличен пример беше и Халанд кој иако имаше понуди од најголемите клубови, одлучи да потпише за Борусија Дортмунд каде знаеше дека ќе биде стартер и ќе може да напредува.