Интер во Ливерпул ја гледа замената за Ериксен

by
1 минути читање

30-годишниот холандски фудбалер по крајот на оваа сезона е слободен играч. Ливерпул му понудил нов договор, но „Калчомеркато“ тврди дека тој сака да замине надвор од Англија.

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота е фан на Вајналдум и веќе ги контактирал неговите агенти, ќе се обиде да го донесе како засилување за следната сезона.

Се во јануари или најдоцна во јуни Кристијан Ериксен да биде продаден со тоа ќе се ослободи место за Вајналдум во составот на Интер.

Но, проблем може да биде Барселона која исто така се интересира за Вајналдум. Тој е желба на Куман кој претходно беше селектор на Холандија. Сепак реални се шансите тој да не биде тренер и следната сезона, резултатите на Барса под негово водство се променливи, а клубот наскоро треба да добие и ново раководство кое ќе сака да наметне свои идеи и да донесе свои луѓе. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×