236
Фудбалската
федерација на Уругвај вечерва соопшти дека Луис Суарез е позитивен на ковид-19,
напаѓачот нема да биде во комбинација за пресметката со Бразил во четвртото
коло од квалификациите за СП 2022.
Вестите се лоши и
за Атлетико Мадрид, Луис Суарез нема да може да игра против својот добар пријател
Лео Меси и својот поранешен клуб Барселона. „Каталонците“ во сабота гостуваат
на „Ванда Метрополитано“.