Говорејќи за „РТЛ“,
францускиот репрезентативец и член на Евертон, Лукас Дињ се осврна и на
периодот минат во дресот на ПСЖ (2013/16), од каде замина на едногодишна
позајмица во Рома, па следеше и трансфер во Барселона каде мина две сезони, за
веќе во 2018. година да потпише за Евертон.
Левиот бек за
момент изрази жалење што не бил трпелив во ПСЖ, меѓутоа категорично заклучува
дека кога ќе ја проследи својата кариера, се чувствува горд на тоа што го
постигнал.
„Можеби некогаш
бев нетрпелив, можеби требаше да си го чекам моето време, можеби во Париз
требаше да бидам повеќе трпелив пред да донесам одлука да си заминам“ рече Дињ.
„Како и да е, вон
сите тие работи, одлуката се однесуваше најмногу на кариерата, ми беше потребно
да играм, да бидам на теренот, да имам минутажа, потребно ми беше сето тоа,
искрено, а кога ќе ја погледнам својата кариера, единствено што можам да
чувствувам на себе е гордост“ додаде Французинот.