121
Медиумите веќе
известија за интересот кој Евертон наводно го прикажал за потписот на Иско од
Реал Мадрид, а сега се наведува дека Карло Анчелоти сериозно притиска да го
добие Шпанецот како свое големо засилување во составот на „Карамелите“.
Плејмејкерот не е во преден план кај Зинедин Зидан, а „Ле10спорт“ пренесе дека
Анчелоти го означил Иско како приоритет во јануарскиот преоден рок, а Шпанецот
се чини дека не би бил скапо засилување.
Актуелниот
договор на Иско со Реал Мадрид истекува во 2022. година, а се верува дека „Кралевите“
за 28 годишниот плејмејкер би се задоволиле со 20 милиони фунти.