28 годишниот член
на Ливерпул, Мохамед Салах нема никакви симптоми на ковид-19 откако од куќата
на фудбалот во Египет потврдија дека ѕвездата на „Редсите“ има коронавирус,
односно бил позитивен на тестирањето.
Салах
присуствуваше на свадбата на својот брат Наср во Каиро во вторникот, а
фотоврафиите и видеата кои произлегоа од тој настан на социјалните мрежи
просведочија како фудбалерот се забавува со останатите гости.
Dancing to the tunes of Omar Kamal and Hassan Shakosh Mahraganat, Football Star of Egypt and Liverpool Mo Salah celebrates the wedding of his brother, Nasr.#EgyptToday #Egypt @MoSalah #MoSalah #Liverpool @mosalah #Mohamedsalah @LFCTransferRoom | #محمد_صلاح pic.twitter.com/NRqOR0EPvq
— Egypt Today Magazine (@EgyptTodayMag) November 10, 2020
Expecting Salah to dance like this on his return with a couple goals pic.twitter.com/YEas1ySq3P
— Sham (@LFC_RedBlooded) November 13, 2020
Салах ќе биде
подложен на самоизолација и ќе го пропушти мечот против Того утре во рамките на
африканскиот куп на нации, а освен него, на свадбата инаку присуствуваше и
неговиот колега од репрезентацијата и член на Астон Вила, Махмуд Трезеге.
Многумина се
запрашаа како е возможно свадба сред пандемија, па еве го одговорот, во
септември властите на Египет дозволија да се одржуваат свадби на отворено, но
со ограничен број до 300 гости, а истите
да се одржуваат само во туристички и хотелски објекти кои поседуваат
сертификати за безбедност и почитување на здравствените протоколи.
Навивачите на
Ливерпул сигурно се заинтересирани за тоа дали ќе го видат Салах во почетниот
состав за дербито со Лестер идната сабота во рамките на 9. коло од
Премиерлигата, тешко, со оглед на протоколот од страна на властите на Островот
во кој се вели дека секој што ќе биде позитивен на тестирањето за ковид-19 ќе
треба да оди во самоизолација во период од десет дена од самото тестирање.
Со оглед на
фактот што ќе му биде и забрането да патува, Египјанецот истовремено е под знак
прашалник и за настап против Аталанта во Лигата на шампионите на 25. ноември.